(Видео) Силен ветер во Дубровник одвеа човек

Вчерашното невреме во регионот кога силни ветришта носеа се пред себе, Хрватите го нарекоа „бура на векот“. Ветерот што дуваше со огромна брзина, и до 200 километри на час, одвеа и човек и го влечеше по улиците на Дубровник. Сигурносните камери на еден ресторан снимија како човекот удира со главата во столбот пред ресторанот, а потоа случаен минувач му помогна да се исправи и да се засолни од ветрот.

Во силната бура ветерот носеше дрвја, корнеше покриви, фасади, киосци и превртуваше јахти. Во Босна, пак, од ветерот се повредени шест лица, а едно од нив е со тешки повреди.

Scroll to Top