(Видео) Слеп пензионер сам си изградил куќа, кучето му бил единствен помошник

Рускиот пензионер Владимир Крисанов, кој потекнува од едно село во Разанската област и покрај тоа што е слеп, вели дека успеал да си изгради куќа. Единствен помошник му било неговото куче.

„Морав да изградам нова куќа, затоа што старата речиси ми беше веќе срушена. Моето куче ми беше навигатор. Без него ништо не можев да направам“, изјавил Крисанов.

Русинот вели дека со градбата почнал во 2010 година, а прво имал во план само да ја надогради летниот балкон. Но, како почнала куќата сè повеќе да се руши, Крисанов вели дека почнал да се соочува со нови маки.

Почнал да собира дрва и даски, а во работата само се ослонувал на слухот и допирот. Крисанов вели дека луѓето не можеле да веруваат со што се занимава, затоа што не можел да гледа. На сите кои ќе ме прашаа само им одговарав – „Куќата стои“.

За жал имало и такви кои се обиделе да му наштетат. Една фирма за изградба на прозори, го измамила за 25.000 рубљи, односно околу 350 евра. Друга фирма во трошоците му наплатила прозори со двојни стакла, но за среќа, Крисанов вели дека се појавиле и луѓе со добра волја, кои многу му помогнале.

Говорејќи за квалитетот на градбата, Крисанов вели дека неговата мајка живее со него две години и досега не се пожалила, пренесува Life.ru.

Scroll to Top