(Видео) Со „волво“ поминал 1,6 милион километри за 30 години, па компанијата го награди со нов автомобил

Во 1991 година, Американецот Џим О’Ши купил „Volvo 740“, најверојатно за инает на неговиот татко и вујко кои тогаш работеле во салонот на Форд. Уште тогаш дал ветување дека ќе помине милион милји (околу 1,6 милиони км) со својот автомобил, а три децении подоцна, лани во ноември тој го исполни ветувањето.

Од салонот каде што го купил автомобилот го контактираа за да го наградат со нов „Volvo S60“ за ова неверојатно достигнување. Но, тој не ја доби лимузината во трајна сопственост, туку му била дадена на користење две години, со платено осигурување и одржување. Клучевите му ги врачил директорот на салонот Стивен Линч, кој во 1991 година му продал и „Volvo 740“.

За овие триесет години, О’Ши никогаш немал ниту една сообраќајна несреќа. Оригиналниот мотор од 1991 година морал да се замени по 585.000 милји (941.466 километри), а сменил и неколку комплети менувачи.

Рекордот на најизвозен автомобил од марката Волво, го држи моделот „P1800“ со изминати 5,23 милиони километри.

Scroll to Top