Позната руска инфлуенсерка Диденко Катерина слевела 29 роденден и за време на прославата починале три лица, од кои едниот е нејзниниот сопруг. Диденко сакала да ги изненади гостите со посебно визуелно изненадување, па фрлила 25 килограми сув мраз во базенот т.е. јаглерод диоксид без да се знае дека тоа ќе доведе до голема трагедија. Сувиот мраз почнал да се топи, а просторијата ја исполнил јаглерод диоксид. Воодушевените гости скокале во базенот низ чадот, а само неколку секунди подоцна почнале да се гушат. Некои од нив ја изгубиле свеста поради што неколкумина биле итно пренесени во болница. Три лица починале, а меѓу нив и нејзиниот сопруг Валентин.
– Мојот сопруг Валја веќе не е со нас. Ниту Наташа. Ниту Јура. Не плачев вчера … Но, денес експлодирав. Мислев дека тоа не е вистина, дека е кошмар. Нашата ќерка Настја се разбуди утрово и праша каде е тато. Не знам како да ѝ кажам. Таа постојано ме прашува зошто плачам – изјавила Катерина која ги загуби сопругот и пријателите Наталија Монакова и Јури Алеров.
Истрагата за овој трагичен настан е во тек, а во неа се вклучени и сопствениците на зградата каде се одржала прославата. Руската јавност е шокирана од трагичниот епилог. Некои сочувствуваат со трагедијата на Катерина, додека други тврдат дека е виновна затоа што три лица ги загубиле своите животи заради нејзината невнимателност.