(Видео) Спаси коала од пожарите во Австралија

Во големите пожари кои ја зафатија Австралија настрадаа стотици животни, а во најголем дел од нив станува збор за коали.

Во земјата е прогласена вонредна состојба, а надлежните велат дека во пожарите настрадале повеќе од 350 коали.

Австралијанецот Дарел успеал да спаси една од нив. Видеото со повредената коала го објави на социјалните мрежи. Тој го крсти повреденото животно Кејт и вели дека ја нашол со изгореници по шепите и лицето.

„Кејт беше целата дехидрирана кога ја најдов“, вели Дарел.

Scroll to Top