(Видео) Спектакуларна премиера на Genesis урна светски рекорд со 3.000 дронови

By

Hyundаi на крајот на минатиот месец на кинескиот пазар го лансираше својот бренд за луксузни возила Genesis и по тој повод јужнокорејската компанија направи спектакл на небото и постави нов Гинисов рекорд.

Иако Genesis не е познат кај нас, во Азија е бренд кој им конкурира на гигантите како Mercedes, BMW, Audi, Lexus и сл. На кинескиот пазар беа најавени два модела – G80 и GV 80 SUV, кои наскоро треба да се појават во продажба, а најавено е и отворање на луксузен продажен салон во Шангај.

Токму во Шангај, односно над градот беше направен настан со кој се најави доаѓањето на брендот на кинескиот пазар, а во кој главната улога ја имаа дронови. На небото дроновите го формира името и логото на брендот, па дури и 3Д прикази на двата модела на автомобили.

Во небесниот спектакл биле искористени 3.300 дронови, со што Hyundai го собори Гинисовиот рекорд по бројот на симултано користени беспилотни летала. Досега рекордот го држеше компанијата Damoda Intelligent Control Technology, која во текот на демонстрација лани во септември искористи малку повеќе од 3.000 дронови.

Ќе ви се допадне

WCOStream anime: Watch Bleach (Dub) Episode 262 (https://wcostream.cc/m/4ek5/ep-262)

AnimeHeaven anime sites: Watch Bleach Episode 181