Емотивна средба на 88-годишниот татко и неговиот 53-годишен син со Даунов синдром ги разнежни луѓето ширум светот. Малком Колбринк и неговиот син Мет многу ретко се разделуваат, а сега не се виделе 5 дена, што им е најдолгата раздвоеност откако мајката на Мет почина пред 25 години.
Тие двајца живеат во Лос Анџелес, но во август сестрата на Мет го одвела својот брат во Њујорк за да се запознае со својот омилен бејзбол-играч Арон Џаџ. Снимката, која брзо се проширила на социјалните мрежи и добила преку 20 милиони прегледи, ја покажува нивната средба на аеродром.
Мет „се фрла” во прегратките на својот татко и го опсипува со бакнежи, а таткото со голема насмевка уште поцврсто го прегрнува.
Снимката е споделена повеќе од 213.000 пати.