(Видео) Студент од Србија паралелно студира на 2 факултети и сите му се десетки, вели дека прави баланс и има време и за учење и излегување

Вук Бибиќ од Ниш успешно студира на два факултети истовремено. Тој го завршил Природно-математичкиот факултет, кој трае 3 години, а сега го завршува и Факултетот за електроника, кој трае 4години. Сите оценки на двата факултети му се 10-ки.

„Како, но, како?“ е прашањето кое Вук вели дека го слуша многу често од неговите пријатели, колеги и соработници.

„Како успеваш да завршиш два факултети, а јас не можам ниту еден во рок?“, постојано ме прашуваат другите, рече Вук.

Вук не се фали, дури му е и непријатно кога е во центарот на внимание поради неговата одлучност да заврши 2 факултети. Едноставно имал желба да заврши факултети на кои се учи компјутерска технологија, но, на сосема поинаков начин.

Тој вели дека сака да добие знаење кое подоцна ќе може да го усовршува. И не е само факултетот место на кое се образува. Тој посетува бројни курсеви и чита многу книги.

„Ми беше чудно што на сите им беше чудно кога земав два индекси. Планирав да се запишам на ПМФ вонредно, со тоа што не знаев дека таа опција постои низ годините, така што бев обврзам да слушам предавања и вежби. Многу професори беа коректни по тоа прашање, имаа разбирање. Некои дури и ми дозволуваа да бидам отсутен, но имаше и такви кои не ми дозволуваа. Мислев дека ќе биде многу потешко отколку што е“, рече Вук.

Тој вели дека е тешко, но, не и невозможно. Всушност Вук рече дека клучот е во добрата организација. Додека некој може со часови да го одложува учењето, листата на материја и да се плаши од испит, Вук тоа го има совладано и е подготвен за понатаму.

Тоа не значи дека тој не спие со ноќи и дека не излегува надвор. На неговиот „Инстаграм“ се гледаат фотографии од слики од неговите излегувања со другари и девојки.

„Јасне би можел да се замислам неколку дена, а камоли подолго, да не излезам од дома или да немам социјални контакти. Сметам дека е неопходно да се одржува некаков баланс. Кога би одвоил уште повеќе време за учење, на сметка на излегувањето, учењето ќе идеше само во лоша насока“, рече тој.

Него го поддржуваат другарите од основно и средно школо. Вук вели дека никогаш не се гледа успешен или да студира медицина или право.

„И сега на многу колеги не им е јасно како успевам. Ме прашуваат како успевам да завршам два факултети, а тие не можат ни еден во одреден рок. Мене ми е непријатно од таквите коментари. На сите начини се обидувам да избегнам некој да се чувствува лошо, а тоа го правам за себе, а не за да ги повредам другите за да и тие се чувствуваат лошо“, рече Вук.

Тој во моментов нема девојка, но за време на маратонските студии вели дека имал долга врска. И таа имала големи амбиции за време на студирањето и тоа резултирало врската да функционира. На никој не му недостигало внимание, вели Вук.

„Јас емотивниот партнер го доживувам како пријател и времето поминато со пријателите можам да го заменам и со време поминато со партнер. Долгата врска за која сега зборувам беше со девојка која исто така беше многу амбициозна и доста време и самата поминуваше учејќи и работејќи на себе“, вели Вук.

За време на студиите тој морал да оди од факултет на факултет, иако се наоѓале на различни делови од градот. Само 2 пати се случило испиттите да се поклопат. Но и тој проблем успеал да го реши. Оценките никогаш не ги поништувал и покрај отежнувачките околности во текот на коронатакога испитите се полагаат во еден дел. Вук вели дека полагањето со колоквиуми е многу полесен начин за да се завршат 2 факултети.

Многу од професорите не ни знаат дека Вук студира на 2 факултети, а кога ќе дознале тие го поддржувале во тоа. Сепак некои биле стриктни и барале нивниот предмет да го испочитува и и не дозволувале отстуство од наставата.

Вук вели дека барал повеќе математика, па затоа ги одбрал компјутерска технологија, но, на сосема различен начин.

„На ПМФ завршив компјутерска наука, а на Електронски факултет студирам компјутерска информатика. Но, фокусот е доста различен. На електронскиот акцентот е ставен на хардверот и на организација на компјутерите, а на ПМФ повеќе фокусот е ставен на математиката. Иницијалната идеја ми била да запишам математика на ПМФ, но сватив дека на компјутерските науки има многу повеќе математика и многу повеќе изборни предмети поврзани со математиката. И јас самиот користев своја програма, гледав да има што повеќе математика“, рече Вук.

Тој во наредниот период планира да запише и мастер студии во странство.

Scroll to Top