Деветнаесетгодишниот студент кој во понеделникот го погоди францускиот претседател Емануел Макрон со јајце е префрлен во психијатриска установа, соопштија денес од тамошното правосудство. Тој го погоди Макрон за време на посетата на саемот за гастрономија во Лион.
Студентот, чие име засега не е објавено, беше уапсен по инцидентот и однесен на психијатриски преглед, каде било заклучено дека има недостиг на проникливост.
Од локалното обвинителство рекоа дека тој веднаш бил префрлен во психијатриска установа во Лион. За потсетување, јајцето кое го погоди претседателот, падна на неговото рамо и не се скрши.
„Ако има нешто да ми каже, нека дојде“, рече Макрон по инцидентот.