(ВИДЕО) Свештеници од Ватикан се маваа со снежни топки

Снегот, кој ретко паѓа во Рим, денеска ги намами надвор не само децата туку и свештениците од Ватикан, кои се маваа со снежни топки на плоштадот „Свети Петар“.

Ова се најобилните снежни врнежи што паднале во Рим кон крајот на февруари во последните неколку децении.

Полицијата ги предупреди жителите да не излегуваат надвор доколку не мораат. Војската е ангажирана да помогне околу чистењето на снегот, а сообраќајот се одвива отежнато.

Градоначалничката на Рим, Вирџинија Раџи, синоќа донесе одлука од денеска сите државни училишта да останат затворени. Таа одлука ја прифатија и многу приватни образовни институции.

Италијанската престолнина не е опремена со потребната опрема за чистење снег, поради што властите морале да се обратат за помош до другите градови.

На главниот римски аеродром „Фјумичино“ работи само една писта. Повеќето аеродроми во земјата се отворени, меѓутоа има одложување на некои летови.

 

Scroll to Top