(Видео) „Таа не работи ништо“, внуката на Трамп остро ја нападна Иванка

Внуката на американскиот претседател Доналд Трамп, Мери Трамп, во интерву за „Вашингтон пост“ остро ја нападна нејзината братучетка, Иванка Трамп, велејќи дека таа не работи ништо.

Мери објаснила дека Иванка се обидувала да се прикаже себеси како некој кој има влијание врз претседателот Трамп и дека таквиот однос таа го смета за недоличен.

„Таа не работи ништо. Само пишува постови на социјалните мрежи, но и се обидува да има влијание врз Трамп. И пак не успева ни во тоа. Понекогаш се однесува како да не е заинтересирана да има какво било влијание“, објаснила Мери.

Внуката на Трамп вели дека Иванка му работи зад грб на Доналд со цел за да ги подобри односите со него. Таа вели дека Иванка повеќе е товар во Белата куќа и никој нема полза од неа.

„Не можам да замислам една работа што ја направила за да покаже дека е умерена или дека има некакво влијание врз Доналд“, изјавила Мери.

Иванка и нејзиниот сопруг Џаред Кушнер ја презеле улогата на таткото на Доналд Трамп, Фред Трамп. Фред бил еден од најзначајните ликови кои имале голема улога во животот на Доналд Трамп, објаснува Мери.

Останатите кадри на Доналд Трамп, во очите на Мери, вклучуваат шефови од персоналот, кои исто како и Иванка се обидуваат да имаат некаков вид влијание, за на крајот да утврдат и сами дека немаат. Мери  вели за сенаторот Мич Меконел дека е човек кој е подготвен да се помири и со своето огорчено однесување, само за да ги оствари своите цели и да ја оствари својата агенда.

Scroll to Top