(Видео) Тајна слика на Ван Гог, изложена за првпат, се продаде за 13 милиони евра

Слика од Винсент Ван Гог која била непозната за пошироката јавност, повеќе од 100 години, се продаде на аукција за 13,09 милиони евра. Според „Сотбис“, ова е рекордна сума за негово дело постигната во Франција и првично беше проценето на осум милиони евра.

„Улична сцена од Монмартр“ е дел од серијата уметнички дела кои Ван Гог ги насликал кога бил во Париз заедно со брат му Тео во 1886 и 1887 година. Познатата црква „Свето срце“ во тоа време уште се градела.

„Она што е возбудливо е што станува збор за слика на Ван Гог која била скриена уште од времето кога се симнала од штафелајот на уметникот. Тајната слика отсекогаш била во приватни колекции, па за неа знаеле само сопствениците и нивни пријатели“, рече експертот за Ван Гог, Мартин Бејли.

Scroll to Top