Денеска на социјалните мрежи се споделува видео на кое таксист тепа гола жена на раскрсницата меѓу МРТ и хотел „Континентал“. На видеото се гледа како жената пробува да ги скрши бришачите на такси-возилото, а мажот дотрчува до неа и ја турка, па таа паѓа на улица. По ова мажот седнува во автомобилот и си оди.
Засега не се знае причината за инцидентот, а на „Твитер“, каде што е споделено видеото, се коментира дека е срамно што никој не ѝ помогна на жената што лежи повредена среде улица.
Кај живеете еј луѓе?
2693 vs патничка. pic.twitter.com/qaBvdi3rCh
— Антагонист (@jabandzija) July 25, 2019