(Видео) Танцова точка на аеродром во Лондон во чест на Фреди Меркјури

Персоналот задолжен за носење багаж на лондонскиот аеродром „Хитроу“ организираше танцова точка во чест на починатата музичка ѕвезда Фред Меркјури, фронтменот на култната рок-група „Квин“.
Додека не станал познат под името Фреди Меркјури, Фарок Булсара, и самиот работел како носач на багаж, токму на аеродромот „Хитроу“.
Меркјури бил роден на 5 септември 1946 година, па така персоналот задолжен за багажот, во чест на пејачот, постхумно го одбележа неговиот 72. роденден и со интересна танцова точка го привлече вниманието на посетителите.
Вработените за настапот вежбале две недели и како што рекле за медиумите, сфатиле дека не било воопшто лесно да се биде во чевлите на Фреди, берем и за момент

Scroll to Top