(Видео) Тепачка во бугарскиот парламент по апсењето на Бојко Борисов

Пратениците во бугарскиот парламент се степаа на седница по синоќешното апсење на претседателот на ГЕРБ, Бојко Борисов. Тепачката се случи за време на говорот на Георги Свиленски од БСП, а претседателот на Собранието, Николај Минчев, се обиде да ги смири.

Сите пратенички групи се изолираа во своите простории. Се собра целиот министерски совет, без премиерот Кирил Петков, но никој не сакаше да даде изјава за медиумите. Хаосот настана кога во салата пратениците на ГЕРБ го спречија Андреј Ѓуров да ја прочита декларацијата на ПП.

Тие го спречија исто така и Свиленски од БСП. Во тие моменти лидерката на пратеничката група на ГЕРБ, Десислава Атанасова, стана и отиде кај Свиленски да му каже дека претерал. Со неа отиде и целата пратеничка група на ГЕРБ.

Scroll to Top