(Видео) Тинејџер доби кола и стипендија оти исчистил по демонстрациите во Америка

Средношколецот Антонио Гвин Џуниор, од американскиот град Бафало, кој самоиницијативно го чистел сметот по протестите за убиството на Џорџ Флојд, доби награда за неговите напори. Антонио чистел цели 10 часа откако се расчистила толпата демонстранти. 18-годишниот тинеџер доби целосна стипендија на универзитетот Медајл во Бафало и црвен „мустанг“, модел од 2004 година, што му го подарил непознат маж откако видел колку е чист градот.

Кога неговата приказна стана позната, тој исто така доби една година бесплатно осигурување за својот автомобил од локален претприемач, јавува „Си-ен-ен“.

„Се чувствував принуден да му помогнам“, изјавил Боб Брикленд „Треба да се собереме и да покажеме дека има добри луѓе“.

Како и во другите градови низ Америка, во Бафало се одржуваа демонстрации по убиството на Џорџ Флојд во Минеаполис на 25 мај. Откако ја забележал штетата во родниот град, Гвин чистел дури 10 часа, па кога волонтерите се појавиле подоцна тој ден, сфатиле дека тинејџерот веќе исчистил скоро сè. Мет Блок ја видел приказната на локалните вести и бил толку импресиониран, што решил да му подари кола на момчето. Тој рекол дека не можел да го продаде Мустангот, а дека ова бил добар начин да се ослободи од колата, особено што знаел дека ќе го добие некој што ќе ја цени.

Scroll to Top