Американскиот тинејџер Кајл Гирсдорф (16) победи на Светското првенство во компјутерската игра „Фортнајт“, кое се одржа викендов во САД. Кајл познат под надимакот „Баг“, ги победил своите 99 противници и заработил три милиони долари. Тоа е повеќе од заработката на Ѓоковиќ на „Вимблдон“, од 2,9 милиони долари.
Натпреварот се одржи на стадионот „Артур Еш“, во Њујорк каде се игра „УС Опен“. Станува збор за најголемата награда во историјата на електронскиот спорт, а вкупниот награден фонд бил 30 милиони долари.
Кајл кој доаѓа од Пенсилванија, победил во соло натпреварување.
„Ова е лудо“, изјавил Кајл по финалето, во кое освоил речиси двојно повеќе поени од својот најблизок конкурент.
„Фортнајт“, е најпопуларната видео-игра во светот. Нејзиниот втор родеднен беше прославен на Светското првенство. Се проценува дека играта ја играат околу 250 милиони луѓе. Играта се игра преку интернет и почнува со 100 луѓе кои се наоѓаат на пуст остров. Мораат да пронајдат оружје и да ги елиминираат останатите играчи.
The moment 16-year-old Kyle “@bugha” Giersdorf of Pennsylvania won the $3 million #FortniteWorldCup solos championship at Arthur Ashe Stadium. pic.twitter.com/QGDIOmWoJo
— Bryan Armen Graham (@BryanAGraham) July 28, 2019
Сите играат против сите. Четириесет милиони играчи се обидувале да се квалификуваат во натпреварувањето, кое се играло онлајн повеќе од 10 недели. Имало претставници од повеќе од 30 земји. 70 играчи биле од САД, 14 од Франција и 11 од Велика Британија.
Британскиот тинејџер Џејден Ешман освоил речиси милион долари за второто место во натпреварувачките двојки. Еден играч од Аргентина Тијаго Лап (13) познат под надимакот „Кинг“, предизвика сензација по освојувањето на 900.000 долари. Тијаго завшри на петтата позиција.