(Видео) „Титаник 2“ ќе заплови во 2022 година, ќе го повтори историското патување

Бродот реплика на „Титаник“ ќе биде пуштен во 2022 година во употреба и ќе го повтори историското патување од Велика Британија до САД, пловидба која никогаш не ја заврши легендарниот претходник.

Творецот на „Титаник 2“ е компанијата „Блу Стар Лајн“ во сопствеништво на бизнисменот Клајв Палмер. Работата од 2012 година беше сопрена во 2015 кога компанијата се соочи со финансиски проблеми, но неодамна истата беше обновена.

Новиот Титаник, чија изградба чини околу 500 милиони долари, ќе има капацитет за 2.400 патници и 900 членови на екипажот. Бродот ќе биде класифициран како луксузен, исто како оригиналот и ќе има ист распоред на кабините, со тоа што ќе содржи технологија од 21. век.

За потсетување, оригиналниот Титаник потона на 15 април 1912 година, откако удри во леден брег, само четири дена откако испловил. Се удавија повеќе од 1.500 луѓе во несреќата.

Scroll to Top