(Видео) Три жени крадачки корнат цвеќе од двор во Кичево

На социјалните мрежи објавено е видео снимено од безбедносни камери во Кичево и на кое  се гледа како три жени крадат цвеќе. Каква организација за едно цвеќе, коментираат на социјалните мрежи.  Жените цвеќето го корнат од дворот во една  фирма во Кичево, каде застанале да направат пауза.

„Цвеќињата кои ни го красат дворот на претпријатието во Кичево, каде денес направивте одмор-пауза чинат по 150 денари. Дно, да се засрамите“, е коментарот под сликите .

Во видеото е смешно,што кога ќе им пријдат момчиња да ги прашат нешто, трите жени го затскриваат искорнатото цвеќе, притоа не гледајќи дека камерата ги снима.

 

Scroll to Top