Народот на малата пацифичка нација Тувалу, сакаат нивната држава да опстане дури и по цена да потоне како резултат на климатските промени. Министерот за правда и надворешни работи, Сајмон Кофе рече дека ги разгледале сите правни начини за да го задржат статусот на држава.
„Го замислуваме најлошото сценарио. Ние сме принудени да се преселиме затоа што нашата земја е под вода, но и понатаму го разгледуваме сите опции и правни начини како да опстанеме како независна држава според меѓународнто право“, рече Кофе.
Тој на самитот за климатските промени во Глазгов се обрати преку снимка од местото каде држел говор и порано. Но, за разлика од тогаш, тоа место сега е под вода. Кофе држеше говор стоејќи во вода до колена и рече дека на тој начин сакал да испрати порака за со колкава опасност се соочува неговата земја.
„Местото од кое го држев говорот порано беше сува земја. Луѓето од Тувалу се тесно поврзани со својата земја и некои од постарите велат дека ќе потонат со неа“, рече Кофе.
Тувалу е држава со 11.000 жители, каде што највисоката точка е на надморска височина од четири и пол метри. Од 1993, нивото на морињата расте за пола сантиметар годишно, па Тувалу најдиректно ги чувствува ефектите на климатската криза.