(Видео) Украински пензионери ги избркаа руските војници од својот дом

Постар брачен пар од Украина се соочиja и ги избркаа руските војници од нивниот дом. Тие им се спротиставија кога Русите упаднаа на нивниот имот. Видеото било снимено од камерата поставена на една од околните куќи, а беше споделена од амбасадата на Киев.

„Сакаме да ја поздравувиме оваа постара двојка, која застана пред тројца руски војници“, напишаа од амбасадата заедно со хаштагот #UkrainianHeroes. Пензионерите добија пофалби и од Американската амбасада за нивната храброст.

На видеото се гледа како тројцата вооружени руски војници во целосна борбена опрема насилно ја отворија влезната врата и со оружје им се приближија од предниот дел на влезната патека. Не ги исплашија ниту кучињата. Во позадина се слушнаа гласови, проследени со истрел од пиштол.

Scroll to Top