(Видео) Вардар со пресврт против Барселона оди во финале на Лига на шампиони

Со неверојатен пресврт ракометарите на Вардар ја совладаа Барселона со 29:27 и утре ќе игра во големото финале на Лигата на шампиони со Веспрем.

Макединскиот тим направи чудо во второто полувреме и успеа да ја надополни негативата од седум гола разлика. Првото полувреме беше очајно за македонскиот претставник. Единствена светла точка беше голманот Милосављев, кој успеа да одбрани 13 удари. Ракометарите на Вардар на полуврмеето заминаа со негатива од седум гола 14:7.

Во вториот дел Вардар полека ја топеше предноста на Барселона и ја врати надежта за големото финале. Последните минути беа клучни за Вардар. Играта на Барселона падна, а нашиот претставник тоа го искористи. На 15 минути до крајот, каталонците постигнаа само два гола.

Со голот на Карачиќ на 100 секунди до крајот, Вардар поведе за првпат со 27:26, а по грешката на противникот Криштопанс донесе позитива од два гола за македонскиот тим. Со голот на Стоилов беа поставени конечните 29:27 и започна прославата за пласманот во финалето.

Scroll to Top