(Видео) Венеција исчезнува, најголеми поплави во градот по 1966 година

Локалните власти во Венеција соопштија дека во градот се забележани најголемите поплави од 1966 година. Целиот град е под вода, а плимата достигнала и до 154 сантиметри, нешто под очекувањата, но според експертите 70% од градот е под вода.

Централниот плоштад Свети Марко е целосно поплавен и затворен за туристи. Водата повторно ги има поплавено продавниците и хотелите во италијанскиот град.

„Уште еден ден узбуна за Венеција. Ги повикувам сите да се подготват за нивото на водата“, напишал градоначалникот Луиџи Брујаро на „Твитер“. Градоначалникот ги посочи климатските промени како причина за поплавите во градот, историските базилки, плоштадите и зградите кои се стари повеќе векови.

Нивото на водата се очекува да се намали за време на викендот, на 110 до 120 сантиметри, велат од Метеоролошкиот завод на Венецеија.

Во нормални околности, нивото на морето е 80 до 90 сантиметри, што е генерално многу, но е под контрола. Снег се очекува во градот Белуно, на северниот регион Венето во подножјето на Доломита, што потенцијално би можело да ја влоши ситуацијата во Венеција.

Италијанската влада прогласи вонредна состојба во Венеција и додели почетни 20 милиони евра за санирање на штетата.

Scroll to Top