(Видео) Владимир Путин на одмор во Сибир

Претседателот на Русија, Владимир Путин, викендов го искористи да одмори во Хакасија, соопшти неговиот портпарол Дмитри Песков.

Путин реши да го искористи слободното време за прошетка низ планините и собирање печурки, а се возеше и со чамец.

Според соопштението на Песков, рускиот претседател решил да одмори по одржаниот самит на лидери на земјите на ЗНД, во петокот.

По краткиот одмор во Хакасија, Путин беше забележан на 16. трка на Формула 1 за Големата награда на Русија, каде што му го предаде пехарот на Луис Хамилтон.

Scroll to Top