Денеска градските власти ја украсија новогодишната елка во центарот на Њујорк. Граѓаните почнаа со подготовките на Божиќните празници, а во центарот на градот Рокфелер беше поставена смерката долга 23,5 метри. Елката била купена пред 60 години од Норвешка.
Смреката била претходно во сопственост на Керол Шулц која со сопругот Ричард О’Донел во 2010 година ја понудиле преку интернет за потенцијално дрво кое ќе го краси плоштадот Рокфелер.
Шул и Ричард ја купиле елката во 1959 година и ја засадиле во нивниот двор. Градските служби го исекле дрвото во четвртокот и со кран го натовариле на камион.
Церемонијата на палење на украсните светилки ќе се одржи на 4 декември. Ланската елка, исто така смрека од Норвешка, е висока 23 метри и тежеи 17 тони. Првата елка на плоштадот Рокфелер е поставена во 1931 година, за време на изградбата на Центарот, кога работниците собрале пари и купиле елка висока шест метри, која потоа ја украсиле.