(Видео) Волонтери го усреќиле синот на Дејвид Камерон во последните моменти од животот

Саманта Камерон, сопругата на поранешниот британски премиер Дејвид Камерон, им оддаде почит на волонтерите во рамки на NHS (Националната херојска служба) за време на нивната божиќна кампања за помош, покрената од „Дејли меил“ во Great Ormond Street болницата.

Преку оваа кампања и ангажман им се помага на голем број  луѓе ширум Британија, кои ги живеат најтешките моменти во нивните животи, пренесува Daily Mail.

Саманта вели дека истите тие волонтери им станале како второ семејство во 2009 година, кога голем дел од нив времето го минале со нивниот син Иван пред да почине на шестгодишна возраст. Саманта е моден дизајнер и вели дека била инспирирана од 27.027 волонтери, кои минале речиси 1,5 милиони часови волонтирајќи за NHS.

Таа во изјава за медиумите им се заблагодари на големиот број волонтери.

„На 8 април 2002 година јас и мојот сопруг Дејвид станавме родители на прекрасно момче кое го крстивме Иван. Не можевме да бидеме посреќни. Но, како што следеа неделите по пораѓањето, нашето блаженство беше прекинато откако Иван почна да добива температура. Беше страшно да го гледаме без да знаеме што не е во ред со него. Нашиот живот продолжи во болницата со постојани посети и тестови. На Иван му беше дијагностицирана ретка состојба наречена оhtahara syndrome. Овој симптон вклучува тешка епилепсија и забавен развој. Не знаејќи каков третман е потребен и кој лек треба да го набавиме, го живеевме најлошиот кошмар за секој родител. Во наредните пет години Иван оној краток живот што го имаше го помина само во болницата или го потрошивме на состаноци. Болницата ни стана наш втор дом, а NHS, докторите и сестрите ни станаа како второ семејство. Дејвид и јас вечно ќе им бидеме благодарни за неверојатната грижа и љубов што му ги дадоа на Иван во тој период. Не само на медицинскиот тим, туку на големиот број волонтери кои тогаш стапија во контакт со нас. Тешко е да се заборави нашата прва посета во Great Ormond Street болницата, кога ги запознавме едни од најдобрите специјалисти за епилепсија. Бевме емоционални и возбудени, но, за жал, кога пристигнавме имаше голем број волонтери кои нè пречекаа. Неверојатно е како толку мали гестови на поддршка и грижа можат да направат толкава разлика во нашите животи. Како што минуваа годините поминати во болницата, јас и мојот сопруг охрабрувавме голем број  NHS-волонтери. Кога беше Иван жив, имаше моменти кога бевме будни по цели ноќи, а голем број од тие волонтери ни носеа кафе, си играа со нашите деца за да имаме повеќе време да минеме со Иван. Имаше и лица кои носеа подароци за Божиќ на другите помлади пациенти. Го загубивме Иван пред десет години и ни недостига многу секој ден. Никогаш нема да го заборавиме него и тие коишто се грижеа за него. Беше многу инспиративно да се видат толку голем број луѓе како волонтираат и се дел од Mail’s Helpforce кампањата преку која им се помага на голем број фамилии низ Британија. Не треба да се потцени времето и грижата што овие лица ја даваат. Тие прават голема разлика за луѓето кои живеат во тешки моменти. За тоа не постои поголем подарок“, изјавила Саманта.

 

Scroll to Top