(Видео) Вонземјанинот Е.Т. се врати на Земјата по 37 години

Филмот на Стивен Спилберг од 1982 година стана мотивација за луѓето од американската компанија Xfinit да направат божиќна реклама со популарниот вонземајнин Е.Т. Видеото за кратко време стана популарно и досега го имаат видено повеќе од 10 милиони луѓе.

Во рекламата вонземјанинот се враќа во посета на својот стар, добар пријател Елиот за божиќните и новогодишни празници. Сега Елиот е семеен човек, а технологијата на Земјата е многу сменета и понапредна.

Емотивната божиќна реклама за само неколку дена освои милиони гледачи, а посебно ги израдува љубителите на класикот на Спилберг.

Scroll to Top