(Видео) Првпат со дрон пренесени бели дробови за трансплантација на пациент

За првпат во историјата во медицината дрон бил користен за да се испратат бели дробови од една болница во друга, за трансплантација на пациент. Дронот со белите дробови на крајот на септември биле испратени од кровот на болницата Торонто Вестерн, до Општата болница.

Канадскиот хирург доктор Шаф Кешавџи, рече дека тој успеал да направи нешто, што никој пред него го немал направено. На дронот му биле потребни само десетина минути за да стигне до целта.

„Докажавме, а тоа е многу важно, дека вакво нешто може да биде направено“, рече Шаф.

Шаф со неговиот тим работеле две години за да успее ваквата операција. Леталото летало 1,2 километри на канадската метропола.

Белите дробови биле успешно всадени на 60 годишен пациент кој боледувал од белодробна фиброза. Дробовите биле сместени во посебен фрижидер, кој ги одржува топлотните параметри на органите.

„Мислам дека технологијата со дронови има голем потенцијал и би можела да стане стандард во здравствената нега“, рече Микаел Кардинал, претседателот на Unither Bioelectronics, биотехнолошката фирма која го направила летот.

Шаф рече дека нивниот следен предизвик е да ја прилагодат постоечката технологија за да биде достапна на сите пациенти ширум светот.

Тој појаснил дека временските услови претставуваат најголема пречка за транспортот на органи. Досегашното искуство покажува дека технологијата со дронови, која во некои земји веќе се користи за достава на пакети купени онлајн, може да се искористи и за транспорт на органи.

На тој начин се намалуваат и трошоците за превоз. Во април 2019 година, на сличан начин, со беспилотно летало бил пренесен бубрег за пациент кој чекал на трансплантација во болница во американскиот град Мериленд.

Scroll to Top