(Видео) Загина ТВ-водителка во обид да сруши светски рекорд во брзо возење

Телевизиската водителка Џеси Комбс од САД загина во несреќа во пустината Алворд, во американската сојузна држава Орегон, додека се обидувала да го собори сопствениот рекорд возејќи ракета на четири тркала.

Комбс, која важела за најбрзата жена на четири тркала, во октомври 2013 година постигна брзина од 631 километар на час возејќи го автомобилот на млазен погон North American Eagle (NAE) Supersonic Speed Challenger.

Автомобилот на Комбс бил составен од остатоци на млазен авион F-104 Lokid Startfajter. Засега деталите околу несреќата не се познати, но според пишувањата на американските медиуми, 36-годишната Американка настрадата во обид да го собори досегашниот рекорд.

Scroll to Top