Делови од Нијагарините Водопади замрзнаа откако температурата во тој дел од Америка се намали на -25 степени, пренесуваат светските медиуми. Посетителите деновиве објавуваат слики и видеа од водопадите кои како да удираат во чист мраз.
„Сонцето се појави на околу 15 минути. Се смрзнав на -25 степени“, рекла за медиумите една жена која била на водопадите.
Метеролозите велат дека студеното време ќе продолжи до крајот на неделата, а дека температурите постојано ќе бидат околу -20 степени.
(Фото: ЕПА)
❄ FROZEN: Parts of Niagara Falls are frozen amid frigid winter storms. All of sudden this Florida chill doesn't seem so bad: https://t.co/unQY8I9L5Q pic.twitter.com/JDjACHuvIE
— WESH 2 News (@WESH) January 22, 2019