Утрово купувачка која посетила продавница за чевли во скопски ГТЦ останала без својот новчаник и мобилен телефон откако била ограбена од непозната жена.
“За да не се случи на некој друг! Дали некој ја препознава особата? Денеска во ГТЦ во 11 чсот во дуќан за чевли, таа влегува и краде мобилен и новчаник и ги става под нејзината јакна. Случајот е пријавен во МВР, но секоја информација е добредојдена“, пишува ограбената жена на Фејсбук.