Жена пилот која безбедно го спуштила авионот на кој му експлодирал моторот над Филаделфија претходно стекнала големо искуство во американската морнарица.
Авионот на американската компанија Sautvest erlajns во вторникот на летот од Њујорк за Далас принудно бил приземјен на аеродромот во Филаделфија откако му експлодирал левиот мотор, а делови од истиот оштетиле некои од прозорците, при што едно лице го загубило животот.
Тами Џо Шулц (56), откако експлодирал моторот, била присилена да го приемји авионот на меѓународниот аеродром во Филаделфија.
#hero https://t.co/2fmHFoktJ4 pic.twitter.com/AbRDFTmdlp
— Andy Grewal (@AndyGrewal) April 17, 2018
Како што се наведува, Шулц, која била една од првите жени пилоти во американската морнарица, ги известила контролорите на вооздушниот сообраќај дека авионот останал без еден дел и дека на пистата ќе им биде потребна амбулантна кола.
Повеќето од 144 патници во авионот по незгодата се пофалиле на социјалните мрежи, а официјалните лица изјавиле дека персоналот во авионот го направил она за кое бил истрениран наведувајќи дека претходно имале вакви слични вежби.
Attn: Mom’s
There is a recording of Ms Shults landing the plane. Play this for your daughter so that when told girls are too emotional your daughter will know they lie.
Thank you US Navy for superior training.
— Arron Hears Trump Elected (@VictoriaVanHor7) April 18, 2018
На сајтот „F-16.net“ се појавиле податоци за Шулц, жената за која е наведено дека сакала да оствари кариера во авијациајта уште од средношколските денови, но била одбиена затоа што ѝ било соопштено дека не примаат девојки.
Proud of Southwest pilot Tammie Jo Shults, one of the first women in the Navy to fly F-18s & a hero who kept her cool when the engine of her plane exploded, saving hundreds of lives. pic.twitter.com/npOzG7N4HK
— Zero Blog Thirty (@ZeroBlog30) April 18, 2018
Студирала медицина, но не ја изгубила желбата за летање, па се пријавила во морнаричките воздушни сили.