Студентите кои престојуваат во домот „Стив Наумов“ денеска беа изненадени, но и исплашени оти змија се појавила во домот. Според објавите што некои од нив ги споделија на социјалните мрежи змија се појавила пред една од бараките на студентскиот дом.
Студентите кои со затоплувањето на времето започнале да ги отвораат прозорците од своите соби, стравуваат дека во летниот период би можело се почесто ова да се случува, а поголем е стравот дека змиите кои би можеле да влезат во нивните соби.
Некои од нив сметаат дека причината за појавување на змија во непосредна близина на влезот на една од бараките, е неискосената трева во дворот на студентскиот дом.