Вие не правите шампањ, туку руско пенливо вино им рече Путин на Французите

Рускиот претседател Владимир Путин им порача на Французите дека шампањот кој го произведуваат, од сега па натаму во Русија ќе може да се нарекува само руско пенливо вино.

Со новата анексија тој им порача на Французите дека шампањот кој го произведуваат во регионот Шампањ, по кој е и добиено самото име на пијалокот, всушност е руско пенливо вино.

Иако Французите имаат ексклузиувно право на тоа име, Путин донесе закон според кој шампањот повеќе нема да се нарекува така.

Како што пренесуваат руските медиуми, француските производители, вклучително и Moet Hennessy, кој го произведува најпознатиот и најпрестижен француски шампањ, своите производи ќе можат да продолжат да ги продаваат во Русија, но, под знакот пенливо вино.

Законот е донесен со цел да се заштити руската винска индустрија, а особено да се зацврсти онаа на Крим, полуостровот кој Русија им го зема на Украина. Засега не е јасно како ќе заврши оваа игра, но, голем број експерти тврдат дека во Русија овој пијалок повеќе нема да се нарекува шампањ.

Според рускиот деловен весник РБК , Русија годишно увезува околу 50 милиони литри шампањ, од кои само 13 проценти се француски, а два проценти е на Moet Hennessy.

„Јутарњи“ пишува дека терминот шампањ се користел за руски пенливи вина за време на СССР, кои Русија продолжи да ги користи и по распадот на земјата, и покрај противењето на Франција.

 

Scroll to Top