Со звуците и валцер на музиката на Штраус, на 14. март традиционално, ќе се одржи Виенскиот Бал во Скопје. Балот ќе се одржи под покровителство на амбасадата на Република Австрија во нашата земја, а во организација на Здружението за културна соработка Јохан Штраус во Александар Палас.
И оваа година гостите една ноќ ќе го живеат духот на Виена. Во уметничката програма на Виенскиот Бал во Скопје ќе настапат врвни уметници: оркестарот „Јохан Штраус“ ќе музицира под диригенство на Бисера Чадловска, ќе настапат првенците на Балетот од Националната опера и балет Саша Ефтимова и Балаж Локсен (Унгарија), танчери на Танцовиот клуб Прима Данца, Тумбао Салса Бенд, Арт Бенд и вокалните солисти: Драган Бобиќ – Дексо, Калина Велковска и Паула Ц. Водилека ќе биде Вера Мештеровиќ. Балот ќе биде од хуманитарен карактер, а парите ќе бидат наменети за СОС Детско село.