Викенд хороскоп за 19 и 20 мај

 

Овен

 

Овој викенд нека биде викендот на забавата. Искористете го до максимум за дневни забави и ноќни излегувања. Здравјето е добро, но ви препорачуваме малку повеќе пешачење. Партнерот не го запоставувајте, одвојте еден ден и за него.

 

Бик

 

Наместо да бидете опколени со луѓе кои шират негативна енергија, оттргнете се од сите и останете во својот дом посветувајќи си време само на себе. Бидете што повеќе физички активни и со тоа ќе се чувствувате подобро.

 

Близнаци

 

За подобро расположение бидете хумани. Помагајќи им на другите ќе се чувствувате и вие подобро. Доколку партнерот не ви посветува доволно внимание, разговарајте со него на таа тема.

 

Рак

 

Ве очекува подобрување на вашата финансиска состојба. Поради тоа, одете на шопинг и наполнете го вашиот плакар со некое ново парче облека. Помогнете му на некој пријател на неволја, така ќе си помогнете и на себеси.

 

Лав

 

Ве очекува голема забава овој викенд. Но, сепак, бидете внимателни и не претерувајте со алкохолот. Доколку овие два дена треба да донесете некои важни одлуки, донесете ги стабилно и решително.

 

Девица

 

Време е за промени. Искористете ја вашата креативност и направете промени во својот дом, но и во својот живот. Имајте за сѐ цврст став и со тоа ќе имате цврст успех на љубовен план и професионален план.

 

Вага

 

За работите кои сметате дека се недостижни, сепак има решение. Потрудете се малку повеќе. Не брзајте во донесувањето на одлуки, консултирајте се со најблиските. Посветете си повеќе внимание на себе.

 

Шкорпија

 

Викендов е дефинитивно полн погодок за вас. Ви претстојат неколку промени, кои ќе направат да се чувствувате возбудено. Искористете го паметно викендот и отпатувајте до некоја блиска дестинација со пријателите, каде ве очекуваат многу авантури.

 

Стрелец

 

Гледајте се почесто со пријателите и забавувајте се повеќе. Што се однесува на љубовно поле, почнете да преземате иницијатива. Работите нема да ви да паднат од небо ако само чекате. А оние кои се во врска, крајно време е да почнат да размислуваат како повторно да внесат живот во врската.

 

Јарец

 

Пред вас е викенд исполнет со возбудливи мигови. Не сте во врска? Не грижете се, Венера ќе се погрижи да имате многу роматчен викенд. Ве очекуваат средби како со бившите, така и со идните партнери. Среќно!

 

Водолија

 

Неделата ви беше исполнета со премногу обврски, па викендов време е и вие да се одморите. Правете ги работите кои ви причинуваат задоволство – шетајте, гответе, читајте книга, изборот е ваш! Сепак и малку рекреација добро би ви дошло.

 

Риби

 

Крајно време е да престанете да се грижите да обврските и да почнете да размислувате малку позитивно. Не е крај на светот ако неколку недели по ред не ви се случува нешто за пофалба. Земете ги работите во свои раце. Поканете ја на состанок личноста која ви се допаѓа.

Scroll to Top