Викенд хороскоп за 2 и 3 јануари: Љубовна криза за овенот, успех на работа за рибите

ОВЕН
Пред вас е можна мала криза затоа што односот со саканата личност е сведен на кратки разговори кои по навика ги извршувате на крајот на секој ден. Грешите ако мислите дека нештата ќе ги поправите со исцрпувачки разговор за кој вечерва не е време.

БИК
Свесни сте дека пред вас е напорен период на речиси сите полиња. Полни сте со енергија и волја а вродениот борбен дух и оптимизам ќе ве направат уште посилни. Иако ќе вложите многу труд, на крајот ќе бидете задоволни со постигнатите резултати.

БЛИЗНАЦИ
Во центарот на вниманието ви се семејните односи, било да се работи за вашето семејство или партнерот. Пожртвуваноста е нешто кое ви се одлкува, но овој пат не сте сигурни дали вашиот ангажман е неопходен. Повеќе сакате слободното време да го преспиете.

РАК
Доколку размислувате за парични позајмици, најдобро е да се откажете затоа што ќе ве изненадат неповолни детали кои не сте ги сфатиле навреме. Најдобро е трошоците да ги сведете на минимум и да воведете краткотрајно остро штедење.

ЛАВ
Исполнети сте со добро расположние така што помалку ја губите реалната слика за можностите кои се пред вас. Големите планови и амбиции можат да бидат застанати поради неочекувано неповолни одлуки на некои личности кои вашето мислње го исклучуваат од старт.

ДЕВИЦА
Не се затрупувајте во нови обврски и викендот поминете го со минимални деловни активности. Наскоро ве очекува финансиски прилив кој во потполност ќе ги промени околностите во кои делувате а со тоа ќе ја отстрани и напнатоста која ве мачи.

ВАГА
Можна е понуда за партнерство со влијателна особа која во животот ви се враќа како некој од кој некогаш многу одамна сте научиле многу. Можеби идејата не ви делува примамливо затоа што нуди брз успех. Немојте да се двоумите, затоа што таква шанса уште долго ќе чекате.

СКОРПИЈА
Насочени сте кон нешто кое е потполно неважно. На удар е вашиот партнер кому се обидувате да му ја демонстрирате вашата моќ. Вашата недопирливост не е бескрајна, ако не застанете навреме, следи вистинско фијаско.

СТРЕЛЕЦ
За вас секоја активност во суштина е работа. Со радост ја прифаќате организацијата на прослави во кои ќе учествуваат луѓе со кои деловно ќе се поврзете. Доколку не се опуштите навреме, вашиот перфекционизам ќе прерасне во агонија.

ЈАРЕЦ
Игнорирајте ги финансиските проблеми затоа што овие денови ви следи непријатно изненадување. Очекувајте известување или испорака на некоја сметка на која сте заборавиле потполно. Пред да почнете да паничите, проверете да не дошло до некоја грешка.

ВОДОЛИЈА
Во потполност сте посветени на деловни активности. Пред вас следат интензивни случувања како на професионален така и на финансиски план. Ве очекува голема шанса која пристигнува во вид на понуда за соработка со луѓе за кои сте мислеле дека се недостижни.

РИБИ
Ова е важен период за вас. Ви се отвара прилика за довршување на веќе започнатата работа и ве очекува вест во врска со нешто кое одамна сте престанале да го чекате. Брзо реагирајте затоа што во спротивно може да ви се испушти нешто многу добро.

Scroll to Top