Викенд хороскоп за 28 и 29 април 2018

Овен

Викендов потрудете се да го извлечете најдоброто од себе. Помогнете му на некој пријател кој е во неволја и дајте му некој корисен совет. Можеби комуникативноста не е вашата јака страна, но, викендов ви е потребна забава и социјализирање.

 

Бик

Не двоумете се, соберете храброст и јавете ѝ се на личноста на која мислевте изминатиов период. Поканете ја на кафе и видете што ќе ви каже. Ако оди сѐ според планот, тогаш збогувајте се со сингл периодот.

 

Близнаци

Некоја кавга во семејството значително ќе ве загрижи и ќе направи да се чувствувате тажно. Наместо да тагувате и да седите дома, излезете и уживајте со сончевите зраци. Рекреативна прошекта во природа добро ќе ви дојде.

 

Рак

Нема ништо поубаво од читање книга во кревет. Почнете го така викендот и ќе ги видите разликите во расположението. Доколку не сте во врска, поставете си нов предизвик – запознавање на личноста која ќе го промени тоа!

Лав

Со вапата интелигенција и трпение овој викенд ќе ги победите сите лоши чувства и проблеми кои ќе ви дојдат на патот. Еден ден од викендот посветете го на вежбање. Изненадете ги мускулите.

 

Девица

Ова се вашите денови на љубовта. Ѕвездите велат дека Венера има подготвено неколку изненадувања за вас. Вие само средете се, облечете високи потпетици и освојте го светот! Другото препуштете ѝ го на планетата на љубовта која решила да ви ги зачини работите во љубовниот живот.

 

Вага

Кој рече дека среќата и парите не одат заедно? Очекувајте мала сума на пари која дополнително ќе ви го разубави денот, а вечер, среќата ќе ви ја донесе некоја посебна личност. Не двоумете се премногу и отидете на забавата на која ве викаа пријателите.

 

Шкорпија

Не верувајте им премногу на луѓето. Тие единствено го сакаат вашиот неуспех. Затоа, овие два дена потрудете се да останете глуви на нивните коментари и поминете ги деновите во друштво на оние кои навистина ви се блиски.

 

Стрелец

Не бидете тврдоглави и почнете да му верувате на партнерот. Ако не ви се јави еден ден, не значи дека ве изневерува. Oчекувајте емоционална средба со некој пријател што долго не сте го виделе. Внимавајте на вашето здравје.

 

Јарец

Вашата емоционална криза ќе биде на највисокото ниво. Можеби средбата со бившиот партнер ќе биде кривецот за тоа, но треба да се потрудите да бидете со исправена глава и секогаш насмеани. Очекувајте покана за кафе од стар пријател.

 

Водолија

И покрај лошиот старт на викендот, веќе во сабота попладне ќе се подобрат работите. Ова нека ви биде викенд за мали задоволства. Отидете во некој ресторан и изедете ја пицата за која долго време не можевте да соберете храброст. Една пица помалку или повеќе нема да ве здебели.

 

Риби

Можеби нема да ви оди во љубовта, но затоа се тука пријателите. Тие ќе направат такви планови, што ќе заборавите на сѐ негативно. Прошетка со пријателите до друг град звучи интересно, нели?

Scroll to Top