Викенд хороскоп за 3 и 4 ноември

Овен 

Многу ви годи тимска работа, но под услов вие да бидете главни. Ве очекува некое патување. Со задоволство ќе прифатите таква понуда, бидејќи патувањата просто ги обожавате. Иако не изгледате како некој кој лесно може да се излаже – можете да станете нечија жртва.

Бик

Нема да се жалите дека на работното место ви е здодевно. Ова е викенд на вистински предизвици. Постои можност од промена на работата или унапредување. Послушајте ги советите на ваш пријател во кој имате голема доверба.

Близнаци

Можеби ви се допаѓа некој од работната средина, како и да е нема да ви биде лесно да се отворите и да го покажете интересот. Упорно ја носите маската, време е да ја извадите. Добро се аспектирани работите во кои доаѓа до израз вашата креативност. Уживајте во работата.

Рак

Би можело да дојде до некои помали расправии во семејството, но вие интуитивно ќе знаете како да реагирате на вистинскиот начин. Што се однесува до деловниот живот во фокусот ќе ви бидат само парите. Пред очите на јавноста однесувајте се дипломатски.

Лав

Ќе се занимавате со конкретни работи, заработка, имот, купување или продавање. Иако работното темпо ќе ве исцрпува сепак ве води кон успеси. Вашето семејство има потреба од вас, покажете и дадете им ја вашата поддршка.

Девица

Бидејќи имате обичај претерано да се исцрпувате, нервно и енергетски, можете да имате големи проблеми. Успехот е пред вас само треба да бидете трпеливи и да почекате. Размислете добро дали вреди да се нервирате? Тогаш кога ќе се смирите ќе успеете да ги завршите сите работи, па дури и да добиете финансиска добивка.

Вага

Присутна е потребата за дружење, но доколку не направите селекција ќе се појави нервоза и чуство дека на извесен начин сте злоупотребени. Морате еднаш да расчистите што всушност сакате, преиспитајте ги пријателите бидејќи на многу на кои им посветувате внимание навистина и го заслужуваат тоа, без оглед на вашите сомнежи.

Скорпија

Од моменталната ситуација многу ќе очекувате. Имате потреба да спроведите комплетна промена во вашиот начин на живот. Дали ќе се обидете со промена на работата или можеби за посериозни планови семејството, тоа не е познато. Она што е заедничко за сите е подобрување на приликите не само емотивни туку и финансиски.

Стрелец

Викендов многу добро ќе комуницирате и ќе се снаоѓате во секојдневните обврски. Односите со претпоставените ќе ви бидат напнати па најдобро би било да избегнувате контакти, и ако често ќе бидете повикани. Не реагирајте на секоја провокација. Кавгите најповеќе можат да ве погодат вас.

Јарец

Нема да имате проблеми со изразувањето на своето мислење, меѓутоа тоа што секој половина час ќе имате друго мислење за иста работа тоа веќе е друг проблем. Во потрага за различни настани досадата ќе ви биде најголем противник, а против неа ќе се борите забавувајќи се самите себе со најразлични ситници.

Водолија

Борбата за престиж ќе биде крунисана со успех. Бидејќи среќата ќе ве следи во секој поглед. Па тогаш што чекате? Искористете ја шансата, но обидете се да се препуштите и на убавите страни на животот.

Риби

Ќе се чувствувате како да не припаѓате во околината. Но, не грижете се, веќе со почетокот на наредната недела овие чувства ќе исчезнат, а нивното место ќе го заземе романтиката. Изненадете го парнерот со вашите креативни мисли.

Scroll to Top