Викенд хороскоп за 8 и 9 мај: Водолијата е емотивна, рибите имаат проблеми на работа

ОВЕН

Ве очекува поволен период на работно поле, некои важни промени кои може да започнат сега. Доколку вашата врска беше во кризен период, сега ќе одлучите дали ќе останете заедно или ќе го прекинете односот. Склони сте кон алергии.

БИК

Не сте подготвени за деловни промени иако многу луѓе ги најавуваат. Време е да поработите на својата способност да се адаптирате. Не сте ги исполниле сите ветувања кои сте му ги дале на партнерот и тој ја губи довербата во вас. Проблеми со стомакот.

БЛИЗНАЦИ
Можеби денес не сте сосема објективни што претставува минус за вас на деловно поле. Потребно ви е малку повеќе реално расудување. Саканата личност ќе покаже дека некои работи не и одговараат кај вас. Можна е главоболка.

РАК

Делувате како да ви е тешко да прифатите некои важни работни одговорности. Партнерот е подготвен да се потруди околу вас и да ви покаже колку му значите. Грчеви во мускулите.

ЛАВ

Доколку се занимавате со работа која е поврзана со странство или патувања, може да очекувате поволен период. Може да сметате на добар однос со партнерот. Ако сте слободни, ќе запознаете нова личност. Пад на енергијата.

ДЕВИЦА

Не очекувајте премногу работа, ќе имате вишок слободно време и можност да се одморите. Имате можност да се зближите со симпатијата. Може да се надевате на поволен викенд за љубов. Чувствувате замор.

ВАГА

Може да очекувате нови деловни можности за остварување заработка. Покажете подготвеност и посветеност. Постои можност кавгата помеѓу вас и саканата личност да се претвори во нешто посериозно. Посетете стоматолог.

СКОРПИЈА

Верувате дека можете да ги остварите целите кои себе сте си ги поставиле, но некогаш е тешко да се изборите сами со нив. Поволен викенд за комуникација со саканата личност, време е да ги решите проблемите. Потребно ви е повеќе спортување.

СТРЕЛЕЦ

Денес сте склони кон правење грешки кои можат негативно да се одразат врз вашата работа. Не ви одговара самотијата и сакате да најдете нова љубов за да се чувствувате подобро. Проблеми со главоболка.

ЈАРЕЦ

Ако сакате да напредувате пред вас е период полн со предизвици. Важно е да покажете подготвеност да се посветите на работата. Доколку го направите првиот чекор кон средување на односот со саканата личност, сѐ ќе биде во ред. Проблеми со белите дробови.

ВОДОЛИЈА

Несигурни сте на работно поле и многу сте загрижени. Емотивно се чувствувате дистанцирано од оние кои ги сакате и не ви е лесно да донесете вистинска одлука. Можни се проблеми со очите.

РИБИ

Ве очекува период во кој ќе бидете склони кон многубројни проблеми на работното место. Емотивната ситуација исто така се комплицира и со саканата личност може да дојде до поголеми кавги, замерки и оддалечување. Проблеми со несоница.

Scroll to Top