Викендов дожд и снег

За време на викендот во цела Македонија ќе има зголемена облачност и ќе дува умерен северен ветер. Утре на пониските места ќе има повремен локален дожд, а на планините снег, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Поради спуштање на постудена воздушна маса во ноќните часови кон недела и во недела претпладне врнежите на некои места ќе преминуваат во снег и ќе бидат со послаб интензитет. Потоа ќе се задржи стабилно време со услови за појава на магла по одделни котлини.

 

Scroll to Top