Викендов почнува зимското сметање на времето

В сабота кон недела (26 кон 27 октомври), во 3 часот по полноќ, ќе почне зимското сметање на времето. Стрелките на часовниците ќе се поместат еден час наназад, па во 3 часот по полноќ часовниците треба да ги наместите на 2.

Промената на летно и зимско сметање на времето првпат е забележана во 1916 година во земјите на северот на Европа, а до 1970 година почнале да го применуваат сите земји на континентот. Досега тоа е воведено во 70-ина земји со цел да се заштеди енергија, да се зголеми продуктивност и да се оствари поефикасен работен ден. Сепак, поновите истражувања и анализи покажале дека промената на времето има негативни последици врз човековото здравје, земјоделството и безбедноста во сообраќајот.

Европскиот парламент во март годинава изгласа одлука за укинување на летното и зимското сметање на времето. Тоа ќе важи од 2021 година, а дотогаш секоја земја треба да одлучи дали ќе продолжи да функционира по зимско или по летно време.

Scroll to Top