Виолина стара 310 години заборавена во воз му ја вратија на сопственикот

By

Виолина со антиквитетна вредност од XVIII век која чини повеќе од 250.000 британски фунти, заборавена во воз во Лондон, му е вратена на сопственикот, музичарот Стивен Морис, пренесува телевизијата Sky News.

„Мојата виолина е дома, потполно е сочувана. Благодарам за огромната поддршка“, изјавил за телевизијата музичарот.

Претходно Морис преку британските медиуми бараше помош во потрагата по виолината, која останала во возот на 22-ри октомври кога тој се симнал на лондонската станица Пенџ Ист.

Инструментот е направен во 1709 година, од мајстрот Давид Теклер. Во интервјуто со британските новинари, музичарот призна дека во тоа време бил вознемирен од загубата, и вели дека тој само привремено свири и го чува инструментот, на кој свири 20 години, со надежи дека ќе им го предаде на други музичари.

Ќе ви се допадне