Влатко Стефановски и „Теохаров“ промовираа врвна линија професионални звучници

Македонски производител на аудио опрема „Теохаров аудио“, ја претстави својата врвна линија професионални звучници и лимитираната едиција звучници, направени во соработка со гитаристот Влатко Стефановски. Неговиот потпис стои на 15 звучници од оваа ограничена серија.

Аудио опремата, наменета за слушање музика во домашни услови, е поделена во три звучни производи – C Type, H Type и Active, кои се рачно изработени од еден од браќата Теохарови.

Во изминатиот период, производите со ознака Теохаров се претставени на истакнати регионални саеми за аудио опрема, на кои добија завидни критики и оцени, а има и посебен стручен осврт звучниците објавен во специјализираното списание Hi-Files. Потврда за квалитетот е и оценката 5 од 5 од релевентниот магазин, како и од етаблираниот ирски аудио критичар 6 moons.

Теохаров е македонски бренд за High End аудио опрема, во чии производи се вградени повеќе од 20 години посветеност, работа, знаење и безкомпромисен инжинеринг. Основниот слоган „Наука, уметност и музика“ претставува синоним за бренд кој ги достигна највисоките стандарди за производство.

 

Scroll to Top