Познати лекари и хирурзи предупредуваат луѓето за време на новогодишната ноќ повеќе да внимаваат додека ги отвораат шишињата шампањ, затоа што незгодните удари со тапата може да предизвикаат големи повреди, а во најлоши случаи и крајно слепило.
Истражувањата направени од независни светски лекарски организации покажуваат дека годишно во просек лекарите се соочуваат со 12.899 интеревенции на очите кај луѓето, кои се повредиле додека го отворале шампањот и добиле удар во главата од тапата на шишето.
„Луѓето не размислуваат дека брзото отворање на шишето шампањ за време на празниците може трајно да го оштети нивниот вид“, вели хирургот Амир Хамид, кој објаснува како за Нова година можете да завршите на операциона маса, па дури и целосно да ослепите, ако ве погоди тапа од шише.
На ваквите незгоди предупредува и ѕвездата од едно реално шоу Love Island, Те Кембел, кој вели дека остнаал слеп на едното око, токму поради несреќа за време на отворањето на шампањ.
Ова 28-годишно момче доживеало незгода на Ибица. Кембел веднаш бил префрлен во болница, а пријателите му велеле дека изгледал како окото да му експлодирало. Кембел вели дека иако очната јаболчница го штити окото, тапите понекогаш се толку брзи и можат да го погодат целото око, па во некои случаи е потребна операција.