Кармен, внуката на легендарниот комичар, Чарли Чаплин, ќе снима документарен филм за нејзиниот славен дедо. Филмот ќе се вика „Чарли Чаплин, човек на светот“ и ќе раскажува за етничките корени на актерот, режисерот и мајсторот на немата кинематографија.
Снимањето ќе започне во 2020 година, а во создавање на филмот учествуваат францускиот актер Стени Копе, Долорес Чаплин, уште една внука на глумецот, филмските компании „Канаки филимс“, „Атлантик пикчрс“ и хуманитарната организација „Вејв оф хјуманити“.
Кармен го пишува сценариото со Амаи Рамирез, која беше во тимот што работеше на филмот „Уште еден ден живот“. Планирано е да се комбинираат снимки од филмовите на Чаплин, интервјуа со неговите деца и колеги, како и анимирани фрагменти. Датумот на објавување на филмот засега е непознат.