Белграѓанката Ники Престиж отворила училиште за орален секс во центарот на градот, пренесува порталот „На длану“. Оваа 36-годишна жена дошла на идеја да отвори училиште за орален секс оти смета дека балканските жени сѐ уште се сексуално неосвестени, па таа решила да им помогне.
„Јас се преселив во Истанбул многу млада, на 22 години. Тогаш видов колку нашите жени се разликуваат од Турчинките, тие прават сѐ за да ги задоволат своите мажи. Од нив научив многу тајни на оралниот секс. Судбината по две години ме однесе во Милано. Таму се занимавав со манекенство и со игра на околностите станав мајстор за орален секс“, рекла за порталот Ники Престиж.
Таа открила дека најмладиот ученик во нејзиното школо има 24 години, но и тоа дека сите девојки и жени што се пријавиле на часовите за да ги научат техниките на орален секс се од добростоечки семејства.