Во Бразил 11 милиони луѓе веруваат дека Земјата е рамна

Две работи се сигурни – дека еден ден ќе починам и дека Земјата е рамна – тоа е ставот на Рикардо, сопственик на ресторан во Сао Пауло, Бразил, каде што се собираат неговите истомисленици. Ним главно не им пречи кога луѓето им се смеат кога ќе им кажат дека нашата планета е во облик на палачинка, а не топка.

Се работи за изненадувачки голем клуб. Според испитување на јавното мислење, над 11 милиони Бразилци, а тоа е седум отсто од населението во оваа држава, веруваат дека Земјата е рамна.

Меѓу попознатите личности во оваа група спаѓаат писателот и новинар Олав де Карваљо и геофизичарот д-р Алфонсо де Васконселос.

Бразилците кои веруваат дека Земјата е рамна, се претежно мажи, обично католици или протестанти и со релативно ниско ниво на образование.

„ Ние сме најпаметни, запишете го тоа“, нагласи бизнисменот Андерсон Невес (50), посетител на ресторанот на Рикардо.

Scroll to Top