Во Чернобил првпат накитена елка по нуклеарната катастрофа

Во чернобилскиот град на духови Припјат, првпат е накитена елка по нуклеарната катасрофа од 1986 година. Наместо вообичаени новогодишни украси, елката е накитена со фотографии од семејни албуми.

„Животот се враќа во Припјат. Ова станува необично, нестандардно туристичко место“, рекол Јарослав Јeмелјаненко, член на Советот на Агенцијата за управување со зоната, откако ја накитиле елката и додал дека некогашниот напуштен град секојдневно го посетуваат туристи од целиот свет.

„За да се зачува ова уникатно место, потребно е да се добие статус на споменик од национално значење и статус на списокот на наследство на УНЕСКО“, рекол тој.

Целта на организаторите на акцијата е да ја претворат оваа област во музеј и да ги зачуваат објектите.

Бројот на туристи во оваа област значително се зголеми во последните години, особено поради серијата „Чернобил“ што се емитуваше годинава.

Scroll to Top