Во Франција се продаваат 1.500 стари замоци

Весникот „Ле Фигаро“ пишува дека скоро 1.500 стари замоци во Франција наскоро ќе се најдат на продажба. Тие се повикуваат на стручни лица и трговци со недвижнини. Некогаш овие имоти припаѓале на аристократските семејства и се пренесувале како наследство на следните генерации, но современите сопственици сè почесто се решаваат да ги заменат со друго живеалиште.

„Времето на сопственост на еден дворец се намали на осум години во просек“, изјавил Оливие де Лоргерил, претседател на здружението на сопствениците на дворци. „Но, она што потенцијалните купувачи би можело да ги одврати, се високите трошоци за одржување на замокот, од камените подруми до високите кули како од бајките“.

Според експертите, веројатно, нема да биде проблем да се најдат купувачи за дворците околу Париз, но дека продажбата на зафрлените рурални замоци ќе оди потешко.

Scroll to Top